Дома Фудбал Англија Кејн сепак останува во Тотенхем? Еве што нуди клубот за продолжување на договорот

Кејн сепак останува во Тотенхем? Еве што нуди клубот за продолжување на договорот

ХАРИ Кејн влезе во последната година од договорот со Тотенхем и се уште е под знак прашалник за кој тим ќе настапува следната сезона.

Баерн ги зголемува понудите за негов трансфер, се споменува и можност за негово заминување во Пари Сен Жермен, но Тотенхем засега дава отпор и му нуди нов подобрен договор за да остане во клубот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во Тотенхем инсистираат на 140 милиони евра за трансферот на 29-годишниот напаѓач, што е цена која засега никој не сака да ја прифати.

Посебно во ситуација кога Кејн следната сезона ја дочекува како слободен играч. Баерн досега понуди само половина од бараната цена, а на инсистирање на тренерот Томас Тухел е подготвен да понуди 80 милиони за да го пресели капитенот на Англија во Минхен.

Од друга страна, Тотенхем сака да ја задржи својата легенда нудејќи му 400.000 фунти (околу 470.000 евра) неделна плата и позиција во клубот по завршувањето на неговата кариера.

На 435 натпревари за Тотенхем, Кејн постигна 280 гола и асистираше на 64. Тој е без трофеј со клубот, чиј играч е од 2009 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…