Дома Трансфер зона Кејлор Навас го одбил Манчестер Јунајтед, позната и причината

Кејлор Навас го одбил Манчестер Јунајтед, позната и причината

navas

Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас (32) одбил понуда од Манчестер Јунајтед.

Фантастичниот костарикански голман имал прилика да потпише договор со „црвените ѓаволи“, но тој ја одбил таа можност.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Навас сакал да остане во Мадрид и да се бори за место прв голман на Реал Мадрид со Тибо Куртоа. Пред доаѓањето на Зидан работата беше поинаква, но сега тој верува дека може да биде прв голман на „кралевите“.

Костариканецот се препороди со враќањето на францускиот стратег. Тој му беше миленик во претходните две ипол години и поради Зидан тој му кажал „не“ на англискиот гигант.

Навас блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед беше и во 2015 година. Тогаш требаше да биде дел од трансферот во кој Де Геа требаше да потпише за Реал Мадрид.

Меѓутоа се пропадна во последните момент како што е добро познато.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид фаворит за потписот на Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат…