По заминувањето на Вејн Руни од Манчестер Јунајтед, капитенската лента на оваа екипа ја превзеде Мајкл Керик.
Португалскиот стратег Жозе Мурињо ја донесе одлуката дека новиот капитен на Јунајтед ќе биде Керик. Кeрик од сите играчи од сегашниот состав има поминато најдолго време на „Олд Трафорд“ и логично беше да ја превземе капитенската лента.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, Керик најверојатно ќе ја одигра последната сезона во кариерата. Овој 35-годишен фудбалер најави крај на кариерата следното лето и јасно е дека Јунајтед повторно ќе мора да бира капитен. Но, Керик одлучи да избере играч за кој верува дека ја заслужува лентата, а постои голема можност дека Мурињо ќе го послуша.
„Пол Погба би требало да биде новиот капитен по мене. Тој дефинитивно го заслужува тоа бидејќи на теренот се однесува како вистински лидер. Сигурен сум дека Мурињо веќе знае кој ќе биде новиот капитен кога јас ќе си заминам и мислам дека имаме исто мислење. Да, Погба би можел да биде новиот капитен на Манчестер Јунајтед“, изјави Керик.