Бункерот на Иран во вчерашниот натпревар против Шпанија издржа до 54 минута кога Диего Костаго постигна одлучувачкиот гол за победа.
После натпреварот Карвахал го критикуваше стилот на игра критикувајќи ги дека тоа што тие го играат не е фудбал, брзо доби повратен одговор од Португалцот на клупата на Иранците, Карлос Квеирош.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Можам да му кажам на Карвахал да не зборува за нашите играчи, туку да си ги гледа неговите соиграчи. Доволно е само да го споменам тоа што му го направија на
Салах во финалето. Постигнавме гол, доколку го немаше ВАР можеби и ќе извлечевме бод. Со сигурност можам да кажам дека доколу ваквата технолгија беше воведена пред осум години Шпанија немаше да ја освои шампионската титула“, изјави Квеирош.
Во третото и последно коло во групната фаза, Иран ќе се сретне со Португалија, додека Шпанија ќе игра против веќе елиминираниот Мароко.