Дома Фудбал Останато Катар и Кина не се за него, еве каде Кварезма ќе ја продолжи кариерата

Катар и Кина не се за него, еве каде Кварезма ќе ја продолжи кариерата

Португалскиот виртуоз Рикардо Кварезма е се поблиску до крајот на својата кариера, но за разлика од многумина колеги тој нема во „доцните години“ да си замине во Кина или во некоја од богатите арапски земји, за дополнително да ја подобри состојбата на банкарската сметка.

Иако имаше сериозни понуди за трансфер во Кина и Катар, Рикардо Кварезма сака кариерата да ја продолжи во Бешикташ, клуб чиј е член повеќе од три години. Одличниот Португалец има важечки договор со Бешикташ до 2020. година и сака целосно да го испочитува, а потоа да ја заврши карерата, пренесуваат турските медиуми.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Овој 35-годишен фудбалер е задоволен во Бешикташ, а неговото семејство сака да остане во Истанбул, па Португалецот веројатно и по пензионирањето ќе остане во клубот. Се уште не е познато каков вид позиција би можел да добие во истанбулскиот гигант. Кварезма кариерата ја започна во Спортинг, за подоцна да настапи и за Барселона, Интер, Порто, Челзи, Ал-Али и Бешикташ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…