Дома Топ вести Каталонските медиуми: Гризман од лето во Серија А!?

Каталонските медиуми: Гризман од лето во Серија А!?

Каталонскиот весник „Спорт“ пренесува дека Барселона е спремна на лето да се раздели со Антоан Гризман.

Тој е еден од најплатените фудбалери во тимот, па Барселона сака да се ослободи од неговата висока плата и е спремна да слушне понуди за Гризман.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Каталонските медиуми тврдат дека сигурно ќе пристигне Кун Агуеро како слободен агент, па заминувањето на Гризман ќе и даде на Барса поголема финансиска слобода на трансфер пазарот.

Најсилен интерес за Французинот покажува Јувентус, кој во Гризман гледа идеална замена за Роналдо, кој е на излезна врата.

Гризман има договор до Каталонците до 2024 година, па за неговата слобода ќе бара најмалку 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…