Дома Фудбал Италија Касано: Настапот на Милан во ЛШ е доказ колку Серија А е лоша

Касано: Настапот на Милан во ЛШ е доказ колку Серија А е лоша

Серија А во 80-те и 90-те години важеше за најсилна лига и тој период траеше се до 2005-2006 и од поодамна оваа лига го загуби приматот од Ла Лига и Премиер лигата.

Италија нема европски шампион уште од 2010 година кога Интер со Горан Пандев освои „триплета“. Антонио Касано сезонава го посочи Милан како пример колку лигата е лоша.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„Серија А е полоша од она што мислиме ние. Најдобро тоа може да се види со Милан. Најдобриот тим во Серија А во Лигата на шампионите има катастрофален резултат, само еден бод после четири кола и е пред елиминација“, истакна Касано.

Од италијанските претставници Јувентус иако игра лошо во Италија веќе обезбеди пласман во нокаут фазата со четири победи и 12 бода, меѓутоа „старата дама“ во последните три години најдалеку стигнуваше до осминафиналето. Аталанта ја чека битка со Виљареал и Јунајтед во групата, а пласман во следната фаза нема обезбедено и Интер кој лани не ја помина групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Перез во Мадрид враќа уште еден поранешен фудбалер на „кралевите“

Бразилецот Жулио Баптиста се враќа во Реал Мадрид, но овојпат како тренер во младинската а…