Дома Фудбал Италија Касано: Интер е како Јувентус на почетокот

Касано: Интер е како Јувентус на почетокот

Поранешниот фудбалер на италијанската репрезнтација, Антонио Касано зборуваше за медиумите за добриот старт на сезоната на Интер.

Интер се наоѓа во серија од осум победи првенството под водство на Конте кој пристигна во текот на летото.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Интер ме потсетува на Јувентус во првата сезона со Конте. Се сеќавам таа сезона бев во Милан и тие ни го земаа Скудетото. Ако Јувентус губи бодови Конте ќе знае како тие киксови да ги искористи. Свесн сум дека Јувентус е најкомплетниот тим, имаат два силни тима. Сепак јасно се гледа дека нивна главна цел е Лигата на шампионите“, изјави Касано, а за крај ги откри своите планови.

„Сега сакам да станам спортски директор, завршив училиште за тоа“. Касано во богатата кариера го носеше дресот на Бари, Рома, Реал Мадрид, Сампдорија, Милан, Интер, Парма и Верона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Распад систем во Баер Леверкузен: уште една ѕвезда премина во Борнмут

Амин Ајли (25), репрезентативец на Мароко и поранешен играч на Баер Леверкузен, е нов член…