Дома Фудбал Италија Касано: Во Јувентус имаат сериозен проблем кој го кријат

Касано: Во Јувентус имаат сериозен проблем кој го кријат

Поранешниот италијански напаѓач Антонио Касано изјави дека во Јувентус постои голем проблем кој сега сите јасно го гледаат.

Јувентус вчера освои само бод на свој терен против Сасуоло (2:2) тоа го искористи Интер кој ја превзема лидерската позиција. После натпреварот се огласи Касано и порача дека во Јувентус постои јасен проблем.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Мислам дека Роналдо има голем проблем со Сари. Мораат да пронајдат некое решение бидејќи тој проблем почнува да наштетува на екипата. Во Јувентус имаат сериозен проблем, но засега успеваат да го скријат“, изјави Касано.

Тој исто така порача дека Џанлуиџи Буфон би требало да биде прв избор на голманската позиција.

„Буфон треба да брани бидејќи е подобра опција од Шчесни. Шчесни во Арсенал беше резерва кога во тимот беа Алмунија и Фабијански, тоа доволно зборува. Во Рома имаше една добра сезона, но никако не може да се споредува со Џиџи“, додаде Касано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато колку ќе паузира Хујсен поради црвениот картон

Фудбалерот Дин Хујсен доби само едномечна суспензија поради црвениот картон што го заработ…