Дома Фудбал Италија Касано: Во Скопје игравме на нива, ако теренот беше добар, Италија ќе водеше 7:0 на полувреме

Касано: Во Скопје игравме на нива, ако теренот беше добар, Италија ќе водеше 7:0 на полувреме

Легендарниот, Антонио Касано беше гостин во шоуто на Кристијан Виери – „Бобо ТВ“, а една од темите на разговорот беше и натпреварот на Италија против Македонија во Скопје.

Екс-напаѓачот на Рома и Милан како и многу други од спортскиот свет го критикуваше тревникот на нашиот најголем стадион.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„Мора да се признае, тој натпревар беше одигран под нашите можности затоа што теренот за игра беше ужасен. Во спротивно, Италија ќе водеше со 7:0 уште на полувреме. Елмас добро момче, се извини, но јас би додал – теренот беше нива, се што кажа беше како комплимент. Работата со Спалети наскоро ќе дојде до израз“, изјави Касано.

Интересно е што ова беше трет натпревар во низа на кој Италија не може да ја победи Македонија. На претходните два, победивме 1:0 во Палермо и одигравме 1:1 во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сè е подготвено за големиот спектакл за Скудетото: Наполи или Интер?

Сè е подготвено за големиот спектакл и завршницата на сезоната во Италија. Наполи или Инте…