Во завршницата од натпреварот помеѓу Хрватска и Шпанија, Игор Карачиќ заработи удар во коленото.
Карачиќ се судри со Алекс Душебаев. Хрватите беа загрижени дека поради овој судир Карачиќ може да го пропушти полуфиналето на Светското првенство. Меѓутоа, поранешниот играч на Вардар порача дека и со една нога би играл за Хрватска во финалето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Апсолутно никаква можност не постои да го пропуштам полуфиналето. Ако треба ќе играм и со една нога. Се е во ред, не грижете се“, порача Карачиќ на снимката која ја објави физиотерапевтот на репрезентацијата на Хрватска.