Кристал Палас го победи Манчестер Јунајтед со 4:0 во 36. коло од Премиер лигата.
По последниот дебакл на Јунајтед, кој најверојатно ќе го остави англискиот гигант без Европа во следната сезона, англиските и шпанските медиуми ја нападнаа бразилската легенда. Касемиро (32) пред две години, од Реал по трите шпански и пет европски титули, реши да го избере Манчестер Јунајтед за нов предизвик.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На „Олд Трафорд“ за него платија богатство, 70 милиони евра, и беа убедени дека тој ќе биде еден од водачите на тимот.
Две години подоцна, јасно е дека згрешиле. По лошиот натпревар на Касемиро синоќа, Англичаните и Шпанците напишаа дека тој „го одигра најлошиот натпревар во кариерата“, а жестоките критики на Џејми Карагер кон него станаа вирални:
„Знам дека Касемиро постигна толку многу, многу повеќе од мене, но ако јас бев негов агент, веќе ќе разговарав со Саудиска Арабија или Америка.
"He needs to call it a day at this level of football and move."@Carra23 believes Casemiro should be going to the MLS or Saudi after this season. pic.twitter.com/kHCGe8sUHq
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 6, 2024