Дома Фудбал Англија Карагер гради советодавна политика кон Ливерпул: Не смеете да го пуштите да замине…

Карагер гради советодавна политика кон Ливерпул: Не смеете да го пуштите да замине…

Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер изјави за британските медиуми дека „Црвените“ никако не смеат да дозволат Филипе Кутињо да го напушти „Енфилд“.

Кутињо е играч кој Барселона го посакува во овој преоден рок, особено по заминувањето на Нејмар, меѓутоа челниците на Ливерпул на сите понуди досега останаа имуни.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Меѓу оние кои се надеваат дека Ливерпул нема да попушти е и Џејми Карагер, легендарниот фудбалер на овој клуб и воедно аналитичар на Скај Спорт, кој меѓудругото истакна дека тоа би било убиствено за тимот.

„Ставот на клубот е дека Кутињо не е на продажба. Ливерпул слабо го одработи преодниот рок и не може себеси да си дозволи да го пушти Кутињо во Барселона“, истакна Џејми.

Со оглед на тоа дека се е поизвесно дека трансфер на Кутињо на „Камп Ноу“ нема да има, планот „Б“ на Барселона се вика Осман Дембеле. Каталонците како што се наведува преговараат со Борусија околу висината на обештетата и овој трансфер би требало да се официјализира во следните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изненадување: Ливерпул избрал замена за Ван Дајк?!

Фудбалскиот клуб Ливерпул означи нова цел за летниот преоден рок, и тоа е стоперот –…