Дома Фудбал Останато Капитенот на Русија одговори на навредите: Седите во вили во Англија и кажувате гнасни работи

Капитенот на Русија одговори на навредите: Седите во вили во Англија и кажувате гнасни работи

Капитенот на руската фудбалска репрезентација, Артјум Џуба го прекина молкот и одговори на нападите од страна на неколку украински фудбалери.

Деновиве неколку украински фудбалери ги критикуваа руските фудбалери зошто молчат за војната во Украина, а особено на удар беше капитенот Џуба.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„До неодамна не сакав да зборувам за Украина. Не затоа што се плашам, туку затоа што не сум политички експерт, никогаш немав намера да се вклучам. Имам мислење и бидејќи сум вклучен во ова ќе го кажам. Јас сум против војна, војната е страшна. И јас сум против омразата која секојдневно расте. Јас сум и против дискриминација по националност. Не се срамам што сум Русин, горд сум што сум Русин. Не разбирам зошто сега страдаат спортистите. Јас сум против двојни стандарди. Затоа што едни можат се, а сите се нафрлаат врз нас. Зошто сите зборуваат за спорт надвор од политиката, но во првата прилика кога станува збор за Русија, овој принцип е целосно заборавен? Чудно е да се слушне тоа од луѓе на кои Русија им дала многу во животот. Сето ова го прави уште понегативен. Војната ќе заврши, но меѓучовечките односи ќе останат. Невозможно е да се избрише. Порака до колегите кои седат во своите вили во Англија и кажуваат гнасни работи: Ова не може да не навреди, разбираме се. Мир и просперитет на сите!“, истакна Џуба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …