Дома Фудбал Англија Капитенот на Ливерпул прекрши правило кое го воведе Клоп кога пристигна на „Енфилд“ (ФОТО)

Капитенот на Ливерпул прекрши правило кое го воведе Клоп кога пристигна на „Енфилд“ (ФОТО)

Kaпитенот на Ливерпул Џордан Хендерсон минатата недела прекрши едно правило кое во клубот го воведе Јирген Клоп.

Клубот поседува видео надзор во тунелот за секој натпревар на „Енфилд“, а овој пристап до сите подрачја на стадионот го „улови“ капитенот на Ливерпул како крши правило кое Јирген Клоп го воведе кога беше именуван за тренер на Ливерпул во 2015 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Клоп при пристигнувањето во Ливерпул изјави.

„Им кажав на играчите да не го допираат знакот „Ова е Енфилд“ додека не освоиме ништо. Тоа е знак за почит“, изјави тогаш Германецот.

Хендерсон кој се придружи на Ливерпул во 2011 има победнички медал во Лига Купот, но Клоп дојде подоцна и сигурно дека неговото „правило“ важи за времето од кога е во тој клубот.

Меѓутоа камерата го „улови“ Џордан Хендерсон како го допира знакот додека Клоп одеше пред него.

Ова не е некое големо прекршување на клупските правила, па не може да се очекува фудбалерот да добие казна, но сепак е непочитување на барањата на Клоп.

Интересно е што неодамна на натпреварот на Ливерпул, токму Хендерсон имаше проблем со Клоп при неговото излегување од игра. Хендерсон откако беше заменет не се поздрави, Германецот тогаш му довикна, па на крајот Хендерсон мораше да се поздрави со својот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа …