Дома Фудбал Капело: Реал нема да има проблеми, Атлетико и Барса многу ќе патат

Капело: Реал нема да има проблеми, Атлетико и Барса многу ќе патат

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело смета дека неговиот поранешен клуб, Реал Мадрид е единствениот клуб кој нема да има финансиска криза ниту поради пандемијата.

Клубовите ширум Европа би можеле да имаат последици бидејќи пандемијата откажа многу натпревари, па така го нема приходот од влезниците, а исто така се затворени и клупските продавници.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, Капело смета дека Реал нема да има проблеми, за разлика од Атлетико Мадрид и Барселона. Славниот тренер зборуваше конкретно за Шпанија.

„Ми изгледа дека во Шпанија (економски) единствен тим кој нема да има проблеми со пандемијата е Реал Мадрид. Барселона и Атлетико многу ќе патат“, изјави Капело за „Газета дело Спорт“.

Капело Реал Мадрид го водеше во две различни фази и на два пати ја освојуваше Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eве како Арсенал успеа да го изигра Тотенхем и да го доведе Езе? Медумите потсетија и на негова изјава од 2018 година

Фудбалерот на Кристал Палас, Еберечи Езе, ќе стане нов член на Арсенал, иако се веруваше д…