Дома Топ вести Капело: На Реал му треба Халанд, а не Мбапе

Капело: На Реал му треба Халанд, а не Мбапе

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело смета дека на „кралевите“ во моментов повеќе му е потребен Ерлинг Халанд, отколку Килијан Мбапе од ПСЖ.

„Кралевите“ постојано се поврзуваат со трансфер на Мбапе и веќе неколку години работат на негово доаѓање на „Сантиаго Бернабеу“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, Капело смета дека на Реал му е потребен класичен голгетер како Халанд бидејќи веќе го има Винисиус, кој има слични карактеристики како Мбапе.

„Мбапе не е централен напаѓач, тој сака да игра на крилните позиции. Реал веќе го има Винисиус. На Реал му треба центарфор, па поради тоа сметам дека Халанд е подобар избор“, истакна Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Колумбиецот Херера со силна емоција и од срце ја пееше македонската химна (Видео)

Колумбиецот Себастијан Херера го забележа својот прв настап за македонската репрезентација…