Кол Палмер дефинитивно е најдобриот играч на Челзи во последните две години, меѓутоа во одредени параметни е најдобар и во Премиер лигата.
Во редовите на Челзи, Палмер пристигна од Манчестер Сити каде што имаше споредна улога. Гвардиола дозволи на Челзи да го купи за 43 милиони евра и тоа се покажа како одличен потег на „сините“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На „Стенфорд Бриџ“ стана главна напаѓачка опција и еден од најдобрите во Премиер лигата. Статистиката која ја вклучува и претходната и тековната сезона покажува дека е најдобар.
Имено, Палмер е играчот со најмногу голови и асистенции комбинирано во овие две сезони. Вкупно учествуваше во 44 гола, додека Халанд е зад него со два помалку.
Палмер постигна 28 гола и запиша уште 16 асистенции. Не е најдобар стрелец на листата, меѓутоа е најдобар асистент со Букајо Сака.