Дома Фудбал Репрезентации Капарос: Силата на Македонија е во тимот, не во поединци

Капарос: Силата на Македонија е во тимот, не во поединци

Во среда Македонија и Ерменија ќе играат натпревар кој ќе го даде победникот од нашата група и патникот во Лига „Б“ за наредната сезона од Лигата на Нации.

Ерменија вчера ја победи Грузија и така Грузијците испаднаа од можноста да бидат првопласирани. Нас во натпреварот во среда ни е доволно и реми за да останеме први.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако Македонија за овој дуел ќе биде ослабена со неиграњето на голем дел од првотимците, сепак селекторот на Ерменците, Капарос знае дека нема да им биде лесно со нас.

„Пред нас е еден тежок натпревар. Натпреварот ќе биде специфичен затоа што на Македонија и недостасуваат многу играчи, но и ние сме во комбиниран состав. Македонците и вака ќе бидат опасни затоа што играат тимски, нивната сила е во тимот, не во поединци. Очекувам изедначен натпревар, ние секако ќе се обидеме да победиме“; изјави Капарос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ПСЖ испрати понуда од 55 милиони евра за ѕвездата на Барселона, па пристигна (не)очекуван одговор од Лапорта

Париз Сен-Жермен направи конкретен чекор на трансфер пазарот со испраќање на понуда за игр…