Дома Останати Калин Ивановски се бореше повреден, но испадна од Вимблдон

Калин Ивановски се бореше повреден, но испадна од Вимблдон

Македонскиот тениски бисер, Калин Ивановски го заврши својот настап на јуниорскиот дел од Вимблдон.

Ивановски беше поразен во осминафиането од Џек Пинингтон Џонс (5-7, 0-6), но во поголемиот дел од мечот се бореше со повреда.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Ивановски беше одличен во првиот сет, водеше со 5-4, но домашниот тенисер успеа да ги освои следните три гема и го освои сетот со 7:5.

Во вториот сет Ивановски се здоби со повреда, имаше и медицински тајм-аут, но не се откажа и лавовски се бореше, но Џонс го искористи моментот и го освои сетот со 6:0.

Во секој случај Ивановски го покажа својот талент и квалитет, па потврди дека е спремен за големи дела во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Иванишевиќ добива нов ангажман – ќе го тренира Циципас

Тениската вест на денот доаѓа од Атина. Според „Газета“ од таму, Горан Иванишевиќ ќе стане…