Хрватска на Максимир ги совлада украинските репрезентативци со минимални 1:0 во петтото коло од првата квалификациска група за Светското првенство во Русија 2018 година и со тоа остана на првото место во групата.
Хрватите уште од самиот почеток ги скршија Украинците со силни и жестоки напади кон нивниот гол, а првата колосална шанса ја пропушти Манџукиќ во 15-та минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватска поведе во 38-та минута со еврогол на Никола Калиниќ, која топката ја заби во мрежата со удар од свртување. Претходно Модриќ го проигра Ракитиќ кој со пета му ја остави топката на Калиниќ, а напаѓачот од Фиорентина погоди за минимална, но значајна победа од 1:0 за Хрватска.
Синоќа беше одигран уште еден натпревар од оваа група, во кој Исланд го совлада Косово на гости во Скадар со резултат од 1:2. За Исланд ефикасни беа Сигурадсон во 25-та и Сигурдсон од пенал во 5-та минута, додека почесниот погодок за домаќините го постигна Нухиу во 53-та минута.