Дома Фудбал Италија Како реакција на анти-семитизмот на фановите од Лацио ќе се чита дневникот на Ана Франк

Како реакција на анти-семитизмот на фановите од Лацио ќе се чита дневникот на Ана Франк

Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) одлучи и потврди дека пред мечевите од Серија А, Серија Б и Серија Ц, но и пред сите аматерски и младински мечеви во текот на следниот викенд ќе се читаат делови од дневникот на Ана Франк.

Дел од дневникот на Ана Франк ќе биде читан наглас пред сите мечеви во италијанскиот фудбал оваа недела како одговор на последните „испади“ со анти-семитизам од фановите на Лацио.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Заедно со Министерството за спорт, Сојузот на италијански еврејски заедници реши да додели една минута за навраќање на сеќавањата на холокаустот и на посветеноста на граѓанско општество, посебно меѓу младите луѓе“, се вели во соопштението на ФИГЦ.

Потегот доаѓа откако навивачи на Лацио оставија етикети околу „Олимпико“ со Ана Франк во дрес на ривалите од Рома, заедно со други анти-семитски пораки. Ова е делот кој ќе се чита пред мечевите.

„Го гледам светот како полека се преобразува во дивина, ги слушам грмотевиците кои доаѓаат и кои еден ден ќе нè уништат и нас, го чувствувам страдањето на милионите. Но, сепак, кога ќе погледнам кон небото, чувствувам дека нешто ќе се промени на подобро, и дека и оваа суровост ќе помине и дека мирот повторно ќе се врати“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити израмни рекорд на Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите

Mанчестер Сити вчера ја забележа првата победа сезонава во Лигата на шампионите и славеше …