Дома Фудбал Лига на шампиони Како некој да ги проколна: Нова повреда во тимот на ПСЖ

Како некој да ги проколна: Нова повреда во тимот на ПСЖ

Фудбалерите на ПСЖ во четвртфиналето на ЛШ играат против Аталанта, но ќе бидат значително ослабени.

Веќе од поодамна е јасно дека Мбапе нема да игра во овој натпревар поради повреда, а за Парижаните денеска стигна нов удар. Имено, во знак прашалник за овој натпревар е и Марко Верати.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Медиумите во Франција објавија дека Верати се повредил на тренингот и дека е под голем прашалник за натпреварот против Аталанта. Овој играч е еден од најважните играчи на францускиот тим и неговото отсуство значителено ќе се почуствува.

Верати одигра фантастичен натпревар пред неколку дена против Лион во финалето на Лига купот и беше играч на натпреварот.

Натпреварот помеѓу Аталанта и ПСЖ се игра во Лисабон за седум дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Обвинителство да се зафати со забавата на Ламин Јамал

Министерството за социјална политика во Шпанија побара истрага од обвинителството, омбудсм…