Дома Фудбал Англија Како ливчето со тактиката на Солскјер од Рашфорд стигна до Тер Штеген…(ВИДЕО)

Како ливчето со тактиката на Солскјер од Рашфорд стигна до Тер Штеген…(ВИДЕО)

0

Како и што навикнавме натпреварите во Лигата на шампионите се снимаат со голем број камери, а некои од нив редовно забележуваат интересни ситуации.

Така беше во натпреварот помеѓу Барселона и Манчестер Јунајтед кој се играше во вторникот вечерта во рамките од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Камерите забележаа една навистина интересна ситуација. Тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер на едно ливче ја нацрта својата тактичка замисла и тоа ливче хартија му го даде на Маркус Рашфорд.

Рашфорд го погледна ливчето и некое време го носеше со себе на теренот. Кога веројатно сфати дека повеќе не му е потребно го фрли во близина на шеснаесетникот на Барселона.

Тоа го искористи голманот на Барселона, Марк Андре-Тер Штеген кој го зема ливчето за да види што пишува на него.

После натпреварот некој стигнал до тоа ливче и го објави во видео прилогот кој можете да го видите под текстот.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тухел призна: Ако Мбапе или Нејмар заминат, ќе бараме решение!

Тренерот на Пари Сент Жермен, Томас Тухел не беше категоричен дека дека двете најголеми ѕв…