Дома Фудбал Англија Како Клоп ги победи најголемите ривали, за да дојде до ЧУДОТО ОД ДЕТЕ?!

Како Клоп ги победи најголемите ривали, за да дојде до ЧУДОТО ОД ДЕТЕ?!

Младиот Холанѓанец одлучи да премине во редовите на Ливерпул.

Познато е каков преоден рок одработи Ливерпул, навивачите се пресреќни, се очекува многу оваа сезона. Вистина е дека потрошија доста пари, некои ќе речат премногу, но потрошија на вистински засилувања, токму за оние места кои беа најкритични.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Она што е помалку познато е тоа дека Ливерпул донесе млад играч од Ајакс, кој изминатата година играше брилијантно за младинскиот тим на холандскиот великан, и на тој начин заинтересира многу великани, станува збор за Ки-Јан Хоевер.

Јунајтед и Челзи сакаа овој 16-годишен фудбалер, а се споменуваше и Манчестер Сити. Тогаш Клоп усокна и лично разговараше со младиот холандски играч, како што пренесува Ливерпул Ехо, тој и неговата филозофија се причината зошто Ки-Јан Хоевер се одлучил за Ливерпул покрај Лондон и Манчестер.

Хоевер игра на позицијата десен бек, а дефинитивно не е без причина интересот на толку голем број на клубови. Навивачите се пресреќни бидејќи нивниот клуб успеа да зададе удар на своите најголеми ривали, и да му обезбеди на фантастичниот играч кој би можел да биде потенцијален стартер во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…