Дома Фудбал Англија КАКО И СЕКОГАШ: Мурињо ги пронајде виновниците за ремито со Вулверхемптон

КАКО И СЕКОГАШ: Мурињо ги пронајде виновниците за ремито со Вулверхемптон

Манчестер Јунајтед синоќа одигра 1:1 со Вулверхемптон, со што ја прекина малата победничка серија.

Тогаш кога изгледаше дека Јунајтед ќе се врати на самиот врв, веднаш се случи киксот против Вулверхемптон. Навистина овој тим донесе многу засилувања и е посилен отколку што изгледа, но секој очекуваше дека Јунајтед ќе запише победа на „Олд Трафорд“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Изгледаше добро кога Фред во првите 20. минути постигна гол за 1:0, но Мутињо во продолжението сепак ги разочара Мурињо и „Црвените ѓаволи“. А го разочарале и некои негови играчи, кои ги смета за виновници што не запишале победа.

„Очекував повеќе од моите напаѓачи. Немаше доволно креативност, движење или динамика. Се на се, повеќе од ова и не заслуживме. Вулверхемптон беше помотивиран и поагресивен“, изјави Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еве колку заработи Барселона од освојувањето на Суперкупот

Во фасцинантното финале на шпанскиот Суперкуп, Барселона ја победи Реал Мадрид во Џеда, Са…