Дома Видео Како во старите добри времиња: Тајсон напаѓа, Џонс бега низ рингот ?

Како во старите добри времиња: Тајсон напаѓа, Џонс бега низ рингот ?

Со 54 години Мајк Тајсон одлучи да се врати во рингот.

Борбата против Рој Џонс заврши нерешено, но челичниот Мајк во неколку наврати покажа зошто беше најмладиот шампион во тешка категорија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тајсон изгледаше одлично подготвен. Рој Џонс немаше одговор и практично бегаше во рингот за да избегне удари.

Иако влезе во шестата деценија, контроверзниот Тајсон покажа дека се уште има експлозивност, но и сила во неговите удари.

„Тешко е да примате удари од Мајк, треба да видам со семејството дали ова повторно да го работам.“ – беше првата изјава на Џонс после натпреварот.

Тајсон најави наскоро нова борба.

„Некогаш две минути се чинеа три. Среќен сум што повторно се вратив во рингот, апсолутно ќе продолжам да одам напред и да одржам уште неколку борби.“ – порача легендарниот Американец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…