Многу познати фудбалери имаат проблеми со законот, некои случајно, а некои пак намерно, а „Марка“ објави состав со играчи кои имаат криминално досие, состав кој би бил навистина силен.
Да започнеме со ред, голманот Бруно Фернандес е осуден на 22 години затвор поради тоа што го наредил убиството на мајката на неговиот син. Десниот бек на Тотенхем, Серж Орие доби затворска казна од два месеци откако ја нападна полицијата додека излегувал од некој ноќен клуб. Стоперот на Виљареал, Рубен Семедо во моментов е во притвор, бидејќи му беше одбиена кауцијата откако што беше лишен од слобода поради обдиненија за обид за убиство. Стоперот Брено Родригез ја запали својата куќа во Германија додека беше играч на Баерн, па поради тоа беше обвинет на три години и девет месеци затвор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Левиот бек, Алексис Зарате беше осуден на затворска казна од шест години и шест месеци. Овој Аргентинец беше осуден за силување. Играчот за врска Адам Џонсон е англиски фудбалер кој е осуден на шест години затвор поради сексуален однос со малолетник. Играот за врска, Џои Бартон беше 74 дена во затвор од вкупната шестмесечна казна. Англичанецот е познат по инцидентите на фудбалските терени и надвор од нив.
Играчот за врска, Јердон Лечков е бугарски фудбалер кој е осуден на две години затвор проади злоуботреба на функцијата додека беше градоначалник на својот роден град. Играчот за врска, Рикардо Сентурион се обиде да ја поткупи полицијата. Се соочува со казна од една до шест години затвор. Напаѓачот Мишел Падовано е поранешен играч на Јувентус кој е уапсен поради продажба на дрога и е осуден на осум години и осум месеци затвор.
Крилниот напаѓач Робињо неодамна беше осуден на девет години затвор поради силување во Милано од 2013. година. Тренерот Елкин Монкада беше во затвор проади педофилија. Добар тим, нели?