Тимот на Динамо Загреб вечерва приреди голема сензација и го елиминираше Тотенхем од Лигата на Европа иако во првиот натпревар избраниците на Мурињо славеа со 2:0.
Вечерва Динамо го имаше истиот резултат после 90 минути, а со голот во продолженијата „модрите“ дојдоа до триумф од 3:0. Сите три гола беа дело на Мислав Орсиќ кој веројатно го одигра натпреварот на кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мурињо сигурно дека бил разочаран по овој пораз, но покажа дека знае да биде голем и во поразот. После натпреварот Португалецот влегол во соблекувалната на Динамо и лично им честиташе на играчите на хрватскиот тим за прикажаната игра.
Mourinho 👏👏 pic.twitter.com/ALTOLpcSWY
— Stefan (@StefanDaskalov) March 18, 2021