Дома Трансфер зона Какви се шансите на Барса да го доведе Левандовски? Еве што вели Лапорта

Какви се шансите на Барса да го доведе Левандовски? Еве што вели Лапорта

Навивачите на Барселона со нетрпение го чекаат исходот на сагата околу Роберт Левандовски и веруваат дека полскиот голгетер на крајот ќе потпише за нивниот клуб.

Левандовски одлучи да го напушти Баерн и таа одлука во текот на викендот им ја соопшти на челниците на клубот. Меѓутоа тој има договор до летото 2023 година и Баерн може да го задржи уште една сезона, иако тоа би било против неговата желба. Левандовски веќе соопшти дека сака да си замине.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од друга страна Баерн може да заработи така што ќе го продаде ова лето, а најмногу се споменува трансфер во Барселона за сума од околу 30-35 милиони евра. Но, можат ли Каталонците во сред финансиска криза да го доведат еден од најдобрите напаѓачи во светот во овој момент?

Во радио емисијата „Тот коста“ за шансите за трансферот зборуваше претседателот на Барселона, Жоан Лапорта. Тој по малку ги „олади“ навивачите на Барселона и призна дека тоа нема да биде баш лесно.

„Нема да биде лесно. Излегуваме од тешка финансиска ситуација и мораме да работиме многу за да создадеме конкурентен тим. Жорди Кројф и Матео Алемани и понатаму работата, дајте им малку време и самодоверба“, изјави Лапорта.

Во неодамна завршената бундеслигашка сезона Левандовски освои уште една титула во првенството и признанието за најдобар стрелец. Во 46 натпревари за Баерн Левандовски постигна 50 голови и додаде седум асистенции.

Ќе потсетиме во редовите на Баерн Левандовски пристигна летото 2014 година од Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…