Дома Фудбал Каземиро побарал да замине од Реал веднаш после финалето од ЛШ

Каземиро побарал да замине од Реал веднаш после финалето од ЛШ

Доскорешниот фудбалер на Реал Мадрид, Каземиро неколку пати ги променил плановите ова лето.

Според „Атлетик“ веднаш после освојувањето на Лигата на шампиони во мај тој го информирал Реал Мадрид дека сака да ја промени средината.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Тогаш Каземиро разговарал лично со претседателот Флорентино Перез и му ја соопштил својата одлука.

Меѓутоа, после одморот на почетокот на подготовките Бразилецот соопштил дека ја променил одлуката и сака да остане во Реал.

Меѓутоа, пред самиот крај на преодниот рок се појави Манчестер Јунајтед со богата понуда, па Бразилецот одличи да се пресели на „Олд Трафорд“.

Реал не му стоеше на патот и му ја исполни желбата, па прифати да го продаде за 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конте за Де Брујн: Ако се лути поради замената, пронашол погрешен човек

Екипата на Наполи вчера го претрпе првиот пораз во сезоната во Италија и тоа во дербито со…