Непоразените борци, УФЦ Шампионот, Кабиб Нурмагомедов и легендарниот боксер Флојд Мејведер на големо договараат нов спектакл, а Дагестанецот изгледа ќе добие голема помош.
Како што пренесуваат светските медиуми, таткото на Кабиб, Абдуламанап Нурмагомедов потврди дека, ни повеќе, ниту помалку лично Мајк Тајсон ќе го спрема неговиот син за големата борба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Исто така руската новинска агенција ТАСС пренеусва дека во неговиот тим најверојатно ќе биде и Антоли Ломаченко, таткото на освојувачот на две олимписки злата, Василиј.
„Кабиб ќе има своја шанса да се проба во боксот. Ќе има подобро прилика отколку Мекгрегор. Кабиб ќе влезе во судир со Американец. Сакам најдобрите боксери на светот Ломанчеко и Тајсон да бидат во аголот додека мојот син боксува“, изјави таткото на УФЦ борецот.
Двата борци засега се без пораз, Мејведер има 50 победи, додека Русинот има 27, а како и што двајцата се согласија во „џунглата“ има место само за еден крал.
Khabib’s dad on a fight with Mayweather: “Khabib will have a chance in boxing, he will have a higher chance than McGregor. Khabib will go close up in the clinch.
“I would like the best specialist in the boxing world Anatoly Lomachenko & Mike Tyson to be in our corner.” #UFC pic.twitter.com/IOUkKEnSJU
— Chisanga Malata (@Chisanga_Malata) October 16, 2018