Кон крајот на 2018 година борбата помеѓу Конор Мекгрегор и Кабиб Нурмагомедов беше вистински спектакл, а после борбата настана и инцидент во кој Кабиб тргна да се пресметува со тимот на Ирецот.
Од тој момент цело време се зборува за нивни реванш. Неодамна првиот човек на УФЦ, Дајна Вајт најави дека победникот од борбата помеѓу Кабиб и Фергусон ќе оди на борба со Конор. Освен тоа се појави и вест дека шеик ќе плати 100 милиони долари за оваа борба да се одржи во Саудиска Арабија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На оваа тема се огласи и Кабиб.
„Не размислувам за такво нешто. Зачуден сум што луѓето ме прашуваат. Сите видовте што се случи во нашата последна борба, во овој момент не сум заинтересиран. Мојот фокус сега е на Фергусон. Не ми се потребни пари за да го тепам тој кретен. Има многу спортови во кои треба да се вложува“, изјави Кабиб.