Челси ќе добие нов газда наскоро, по што ќе почне ремонт на екипата, а „Гардијан“ објави дека голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски е едно од можните засилувања за тимот.
На Челзи му е потребен голгетер како Левандовски, зашто Ромелу Лукаку беше очаен минатата сезона, а исто така нема добри односи со тренерот Томас Тухел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите од Англија, Барселона е фаворит за Полјакот, но Челзи може да му понуди многу повеќе пари и подобри услови.
Втора опција за Челси е Лаутаро Мартинез од Интер, кој ќе треба да му биде помош за Лукаку во нападот и така да го земе тандемот кој им ја донесоа титулата на „нераѕурите“ минатата сезона.
Клубот се очекува да го напуштат Андреас Кристенсен, Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо.