„ЕА Спортс“ денес објави дека ја разгледува можноста за промена на името на познатата игра ФИФА.
Претседателот на „ЕА Спортс“ Кам Вебер ја објави оваа информација на друштвените мрежи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Констатно гледаме да напредуваме, затоа ја разгледуваме можноста за промена на името на нашите познати фудбалски игри. Тоа значи дека го почитуваме нашиот договор со правата на името со ФИФА кој е одвоен од останатите наши официјални партнерства и лиценци ширум фудбалскиот свет“.
ЕА ширум светот има повеќе од 300 лиценци, а правата на со името на светската куќа на фудбалот се посебни во однос на останатите. Крајот на евентуалната соработка би бил голема вест за ЕА Спортс и ФИФА затоа што нивната соработка датира уште од 1993 година.
EA Says It Could Drop FIFA Name From Future Games: Electronic Arts has said it might end its partnership with FIFA for its future football games. EA Sports GM Cam Weber said in a blog… https://t.co/k7B3vRYbd1 | https://t.co/mfR4u1I3JG | https://t.co/eKi4cP5ni2 #gaming #news pic.twitter.com/EHmDPDo6vY
— eStream Studios (@eStream_Studios) October 7, 2021