Фановите на Новак Ѓоковиќ не можат да се помират со исфрлувањето на првиот рекет во светот од УС Опен.
Како што е веќе познато, Ѓоковиќ е дисквалификуван откако судијката ја погоди со топче. Сигурно српскиот тенисер немаше намера, но така велат правилата. Мислењата во јавноста се поделени.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Сега поддржувачите на Ѓоковиќ пронајдоа постаро видео од Австралија Опен каде што Федерер со топче удира собирач топки. Тогаш не се случи ништо, судиите не реагираа и мечот продолжи.
Покрај ова пред само две недели словенскиот тенисер Аијаж Бедене за скоро идентична ситуација на истиот терен не беше казнет. (ова видео погледнете го тука).