Дома Фудбал И тоа се случи: Џузепе Роси има нов клуб

И тоа се случи: Џузепе Роси има нов клуб

Џузепе Роси своевремено важеше за еден од најголемите светски таленти, но поради огромните проблеми со повредите никогаш не успеа да го демонстрира својот квалитет.

Искусниот Италијанец последно настапуваше за Џенова, а без клуб е од летото 2018. година. На неговата потрага за нов ангажман и дојде крајот.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Роси успешно го помина пробниот период во Реал Солт Лејк и МЛС е наредната лига во која ќе настапи искуснот офанзивец.

Наводно овој 33-годишен играч веќе ги поминал и лекарските прегледи и останува само да го потпише договорот со клубот од САД.

Роси своите најдобри денови ги помина во Фиорентина и Виљареал, а своевремено беше член и на Манчестер Јунајтед. Во кариерата уште настапуваше и за Леванте, Парма, Селта и Њукасл. Во јануари се споменуваше и како можно засилување на СПАЛ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преспа реагира: Не сакаме да помислиме што ќе се случуваше ако Шкендија Арачиново не победеше!

Вториот дел од сезоната во Втора македонска фудбалска лига започна викендов, а веднаш по с…