Фудбалскиот сојуз на Италија го продолжи денес договорот со селектрот на репрезентацијата, Џампјеро Вентура до 2020. година.
„Имаме многу доверба во него“, истакна претседателот на сојузот, Карло Тавекио за италијанските медиуми.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Вентура ја презеде Италија од Антонио Конте по ЕП во 2016. година, а договорот го врзуваше до крајот на СП во Русија следната година.
Репрезентацијата на Италија со него на чело славеше на седум од десетте натпревари, додека останатите три ги одигра нерешено со Шпанија и Германија, а загуби и од Франција.
Вентура во својата 40-годишна тренерска кариера беше предводник на бројни италијански екипи, а пред преземањето на репрезентацијата, пет сезони го предводеше Торино.