Дома Фудбал Останато И Петар Чех го напушти Челзи

И Петар Чех го напушти Челзи

Oткако англискиот прволигаш Челзи го напушти претседателот Петар Бак, а на крајот на преодниот рок ќе замине и директорката Марина Грановскаја, заминување објави и поранешниот голман, сега технички советник Петар Чех.

Поранешниот голман на чешката репрезентација и францускиот прволигаш Рен со Челзи освои 13 трофеи како играч, а на управата на клубот се приклучи во 2019 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Беше привилегија во изминатите три години да се извршува функција во Челзи“, изјави Чех.

Откако клубот од рускиот милијардер Роман Абрамович го купи конзорциумот на чело со Тод Боели, Челзи започна постапка за промена на раководството. Боели привремено ќе ја извршува и улогата спортски директор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…