Дома Фудбал Официјално закажан новиот датум за изборите во Барселона

Официјално закажан новиот датум за изборите во Барселона

Изборите за нов претседател на Барселона беа одложени, а сега е и официјално познат новиот датум.

Нов прв човек на Барселона ќе се избира на 7. мај, дури повеќе од четири месеци од кога Хозе Марија Бартомеу си поднесе оставка. Првично изборите беа закажани на 24. јануари, меѓутоа тие се одложија поради ограничувањата на движење во Каталонија што е една од мерките за заштита од коронавирусот.

Тројцата кандидати кои ќе се борат за победата се Жоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фреиша. Право на глас ќе имаат повеќе од 110.000 членови на клубот. Членовите ќе можат да гласаат на шест избирачки места, но и преку пошта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ситуацијата поради која навивачите на Звезда долго ќе жалат

Екипата на Милан некако успеа да ја елиминира Црвена Звезда и да го осигура пласманот во о…