Дома Фудбал Репрезентации Косово има проблеми пред Македонија: Песимист сум за Муричи

Косово има проблеми пред Македонија: Песимист сум за Муричи

Селекторот на Косово, Бернард Шаландес денес одржа прес-конференција во пресрет на гостувањето во Скопје за плеј-офот за пласман на ЕП.

За Ведат Муричи се тврдеше дека сигурно нема да може да игра во Скопје сепак тој се најде на списокот. Меѓутоа и покрај тоа што е на списокот селекторот Шаландес е песимист.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ќе видиме како ќе биде утре. Ќе му бидат направени нови тестови, а потоа и во комуникација со медицинскиот тим на Лацио ќе одлучиме дали ќе игра и колкав е напредокот. Ќе кажам дека сум песимист за можноста да биде спремен за натпреварот против Македонија“, изјави Шаландес.

Ние имаме проблем што Елмас нема да игра, но и Косово исто така е во проблем, можеби и поголеми од нашите затоа што покрај Муричи кој е неизвесен сигурно нема да игра Рашица и Хекуран Круезиу од Цирих.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Тетоважа што ќе го расплаче целиот свет: Диого Жота не е заборавен (Видео)

За жал, Диого Жота повеќе не е меѓу нас, но очигледно е дека тој нема да биде заборавен. П…