Започна последното одбројување за Светското првенство, а последна препрека за италијанската репрезентација на патот до Русија е Шведска.
Поразот од 1:0 во првиот натпревар создава огромен притисок за „аѕурите“, кои дефинитивно ќе направат се вечерва на „Сан Сиро“ да ја анулираат предноста и да се пласираат на Мундијалот.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Селекторот Вентура ќе игра со својата препознатлива 3-5-2 формација, но со неколку измени од првиот натпревар. Вечерва парнет на Имобиле во нападот ќе биде Маноло Габиадини, додека Жоржињо и Флоренци ќе добијат шанса од првата минута на средината од теренот.
(3-5-2): Буфон, Барзаљи, Бонучи, Килини, Кандрева, Пароло, Жоржињо, Флоренци, Дармијан, Имобиле, Габиадини.