Дома Фудбал Италија Италија конечно доби нов селектор

Италија конечно доби нов селектор

Долго се бараше нов селектор на Италија, но денеска конечно е донесена одлука.

Роберто Манчини ќе ја предводи Италија во наредниот период. Тој постигна договор со раководството на сојузот, кој со месеци бараше замена за Вентура, кој доби отказ после големиот неуспех во баражот за СП против Шведска.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во репрезентацијата со Манчини ќе работи и Андреа Пирло, кој ќе му биде помошник, а се очекува во стручниот штаб да биде и Џиџи Буфон.

Манчини потпиша договор на две години, а ќе заработува два милиони евра со бонуси. Претходно италијанците ги одбија Анчелоти и Конте, а Манчини после Зенит одлучи да тргне во репрезентативна авантура.

Да потсетиме, Манчини во кариерата ги водеше Манчестер Сити, Интер, Лацио, Фиорентина, Галатасарај и Зенит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…