Дома Фудбал Репрезентации Италијанците се прашуваат: Каде беше оваа Италија на 24. март против Македонија!?

Италијанците се прашуваат: Каде беше оваа Италија на 24. март против Македонија!?

Репрезентацијата на Италија вчера славеше во рамките од Лигата на Нации против Унгарија со 2:1.

„Аѕурите“ како што пренесуваат италијанските медиуми одиграле одлично и борбено, а во оваа ситуација се потсетија на елиминацијата од Македонија на 24. март во баражот за СП. Во текстот на „Тутоспорт“ тие се прашуваат – каде беше оваа Италија на 24 март?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Каде беше оваа желба за победа, овој сјај, ваквата игра…Кога Македонија не исфрли од Светското првенство? Не одиме на Светското првенство затоа што во групата ремизиравме со Бугарија и Северна Ирска, а потоа Македонија не победи во баражот. Ниту една од овие три селекции не беше подобра од Унгарија вчера. „Младата“ Италија на Манчини покажа страст и желба за победа. Во селекцијата ја имаше таа посветеност која недостасуваше во споменатите три натпревари“, се наведува во текстот на познатиот италијански медиум.

Ќе потсетиме за Италијанците ова е второ Светско првенство во низа на кое нема да настапат, претходното во Русија го пропуштија откако во баражот ги победи Шведска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…