Вечерва во Лигата на шампионите реваншот од четвртфиналето го играат и Наполи и Милан, „Росонерите“ имаат предност од 0:1 од првиот натпревар. Сепак, таа предност ќе треба да ја сочуваат вечерва во Неапол.
Во првиот натпревар во Милано, Спалети не можеше да смета на првиот стрелец на тимот, Виктор Осимен. Сепак, сега Нигериецот е подготвен за камбек и ќе стартува од првата минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас во тој натпревар стартуваше од првата минута, но играше како „лажна деветка“, таа улога на теренот ја доби за првпат во неговата кариера.
Сега според најавите на италијанските медиуми, Елмас повторно ќе биде стартер, но сега ќе се врати во средниот ред каде што би го заменил суспендираниот Агниса кој доби црвен картон на првиот натпревар.
Пиоли на спротивната страна нема посериозни проблеми со повреди или суспензии, па се очекува да излезе во најсилен состав.
НАЈАВЕНИ СОСТАВИ:
Наполи: Мерет, Ди Лоренцо, Рахмани, Жезус, Оливера, Лоботка, Елмас Зиелински, Лозано, Осимен, Кварацкелија.
Милан: Мењон, Калабрија, Томори, Кјаер, Хернандез, Тонали, Круниќ, Бенасер, Дијаз, Леао, Жиру.
Ќе потсетиме, во вториот натпревар вечерва реваншот го играат и екипите на Челзи и Реал Мадрид. Во овој дуел Реал носи предност од 2:0 од Мадрид.