Дома Фудбал Лига на шампиони Италијанците им забранија на навивачите на Црвена Звезда да доаѓаат во Милано

Италијанците им забранија на навивачите на Црвена Звезда да доаѓаат во Милано

Фудбалерите на Црвена звезда ќе имаат две гостувања во Милано како дел од групната фаза од Лигата на шампионите – на 1 октомври гостуваат кај Интер, а на 11 декември со Милан.

Сепак, најверните навивачи на Звезда, популарните „Делии“ нема да смеат да присуствуваат на Сан Сиро.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ваквата одлука Италијанците ја донесоа откако оценија дека доаѓањето на голем број навивачи на Звезда во земјава ќе значи огромен безбедносен ризик поради жестоките судири што „Делии“ ги имаше со навивачите на Рома минатата година.

Околу 4.000 навивачи на Звезда од Србија и странство се подготвуваа за натпреварот против Интер, а голем дел од нив веќе купиле билети. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Лоши вести од Англија: Лестер чекори кон трета лига!

Нема долго време откако беа клуб кој го постигна најневеројатниот успех во историјата на П…