Дома Фудбал Репрезентации Италијанците имаат низа каква што нема ниту една друга репрезентација

Италијанците имаат низа каква што нема ниту една друга репрезентација

Италија вчера стигна до петтата победа во пет натпревари во квалификациите за Европското првенство 2020 година и така продолжи една неверојатна низа.

Имено, кога зборуваме за квалификациите за Европското првенство, Италија во овој момент има низа од 35 натпревар без пораз. Италијанците во тие 35 натпревари имаат дури 29 победи. Тоа е најдолгата низа без пораз на една репрезентација во квалификациите за ЕП.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Последниот пораз во квалификации за ЕП Италија го претрпе во 2006 година. Тогаш на домашен терен ги совлада Франција на почетокот на борбата за пласман на ЕП во 2008 година кое се одржуваше во Австрија и Германија.

Ова може да биде некаква утеха за катастрофата која им се случи во квалификациите за Светското првенство кога не се пласираа на Мундијалот во Русија и за прв пат пропуштија едно Светско првенство од 1958 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Инфантино најави проширување на клупското СП и Светско првенство

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино најави дека претстојното Светско првенство ќе биде на…