Дома Фудбал Италија Италијанците загрижени: Што ќе се случува после натпреварот Јувентус – Милан?

Италијанците загрижени: Што ќе се случува после натпреварот Јувентус – Милан?

Со реваншот во полуфиналето од Купот на Италија помеѓу Јувентус и Милан вечерва продолжува фудбалот во Италија – анализата за овој натпревар може да ја прочитате тука.

Уште пред пандемијата на коронавирусот на „Сан Сиро“ во првиот натпревар беше 1:1 и вечерва ќе се решава кој ќе оди во финалето. Во случај ако биде 1:1 веднаш ќе се изведуваат пенали, нема да има продолженија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Италијанскиот фудбалски сојуз порачува протокол на карантин и веднаш после натпреварот да се тестираат сите членови на клубовите, додека за играчите ќе следи изолација од 96 часа.

Во случај на негативни тестови, ќе се направат уште два, пред и после следниот натпревар за со 100% сигурност да се знае дека нема други заразени.

Освен тоа ФИГЦ бара и трето лица да ги контролира играчите за да не случи клубовите да реагираат приватно и што би придонело за дополнително ширење.

Инаку, на „Алијанц Стдионот“ планирано е да се користат звучни ефекти за подобро доживување на гледачите пред малите екрани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вардар преку Новаци до четвртфинале во купот

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Вардар, без многу мака ја мина пречката нареч…