Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан се вклучил во трката за играчот на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Корентин Толисо.




27-годишниот играч за врска влезе во последната година од договорот со Баерн Минхен, а нема најави за негово продолжување.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Французинот прикажа неколку одлични игри во тековната сезона, но не добива голема минутажа и сака да ја промени средината.




Интер и Јувентус од поодамна се заинтересирани за неговиот потпис, а сега во трката се приклучи и Милан.
„Росонерите“ се во потрага по квалитетен играч за врска и првата желба е Ренато Санчез од Лил, додека Толисо се споменува како алтернатива.