Кристијано Роналдо е на излезни врати од „Олд Трафорд“ по само една година, пишува италијанскиот медиум „Тутомеркато“.
Англиските медиуми пишуваат дека позицијата на Манчестер јунајтед не е променета и дека Роналдо не е на продажба, но Португалецот сака да си замине.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тутомеркато“ пишува дека Баерн Минхен сака да го купи Роналдо, иако првиот човек на екипата Оливер Кан кажа дека такво нешто нема да се случи.
Баерн не донесе големи фудбалери ова лето, а не сака да плати 100 милиони евра за Виктор Осимен, па Роналдо изгледа како пореално решение затоа што пред заминување од Минхен е Роберт Левандовски.
TMW – Cristiano Ronaldo ha scelto il Bayern: i retroscena, tra smentite, Mendes-Barça e Lewandowski https://t.co/kixFL0YT0p
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) July 7, 2022